Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Startup Weekend доаѓа во Скопје!

03.05.2011

ПСМ Фондација за прв пат ќе организира Startup Викенд во Скопје од 24 - 26 Јуни 2011, настан по лиценца на непрофитната организација Startup Weekend од Сиетел, Вашингтон. Настанот е најава за Глобалната недела на претприемништво 2011 и претставува почеток на серијата настани кои ПСМ ќе ги организира со цел да се стимулира претприемачкиот дух кај младите во Македонија.

Startup Викенд е 54 часовен настан за генерирање нови бизнс идеи кој овозможува вмрежување, информации за ресурси, креирање тимови кои ја развиваат идејата и подготовка за нејзина реализација. Затоа, ние би сакале да основаме своја мрежа од претриемачи во Македонија кои ќе продолжат да инспирираат други претприемачи и ќе го олеснат процесот на иновација.

Овој настан е отворен за сите заинтересирани претприемачи од локалната заедница.  Настанот е веќе организиран во повеќе од 110 градови ширум светот и наиде на голем успех при што само во минатата година, директно резултираше во креирање на повеќе од 850 нови компании. 

 

Некои од тимовите дури почнаа да прават профит за време на овие 54 часа, а други почнаа да ги искористуваат предностите на бизнис ангелите и останатите алтернативи на финансирање. Дури и да не ги спомнавме големите придобивки од вмрежувањето, професионалните соработки и секако, неверојатното искуство кое се случува на настани од ваков тип.

Дознајте повеќе на
skopje.startupweekend.org

Стратегиски партнери во организација на настанот се
NewMediaMK и Web Factory.