Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Употребете ја имагинацијата и освојте награда

14.03.2012

 

  •   Имате помеѓу 14 и 30 години?
  •   Сакате да фотографирате?
  •   Сакате да се натпреварувате со луѓе од целиот свет?

 

Ова е Вашата можност!

 

ПСМ Фондација во рамките на Глобалната Недела на Претприемништвото 2012 организира прелиминарен национален натпревар за интернационалниот натпревар на тема „Моќта на имагинацијата“ организиран од Универзитетот Висмар од Германија.

 

За што се работи?

 

Натпреварот има за цел да ги охрабри учесниците да споделат уметнички поглед во интернационален натпревар. Ние ги бараме најимпресивните и инспиративни фотографии кои прикажуваат како верувањето во претприемачката идеја може да направи разлика.

 

Како да учествувате?

 

Фотографирајте една фотографија со значење кон темата „Моќта на имагинацијата“, нагласувајќи ја моќта и потенцијалот на претприемачките идеи. Предлозите треба да ги испратите електронски на yes@yes.org.mk со назнака „Моќта на имагинацијата“ со следнава содржина:

 

  •   Една фотографија
  •   Еден текст документ со краток опис на фотографијата

 

Краен рок за испраќање на фотографиите е 15ти Септември.

 

Доколку имате желба за учество задолжително прочитајте ги правилата на следниот линк.