Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Обуки за Започнување бизнис во рамките на Вип македонски предизвик

12.09.2012
 
Во рамките на „Вип Македонскиот ПредизвикПСМ Фондација, Vip Оператор, Еферио и Самсунг, ви најавуваат серија на обуки за започнување на бизнис. Научете како да изготвите соодветен и профитабилен бизнис модел за вашата идеја. Со помош на искусни предавачи ќе ја научите основата на бизнисот преку повеќе модули како што се: изработка на бизнис план, финансии, комуникации, маркетинг, организација...
 
Обуките ќе ги водат сертифицирани предавачи од CISCO Entrepreneurship Institute, а сите учесници по завршување на обуката  ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат.
 
Обуките ќе започнат на 24 Септември 2012 година, а бројот на учесници е ограничен на 50.
 
*Учесниците на обуките ќе имаат прилика да се натпреваруваат во дополнителната категорија Дебитант на Предизвикот и да добијат награда: договор за поделба на приход од  80% за програмерот/ тимот, бесплатна промоција на апликацијата од страна на Вип оператор во период од 3 месеци и Samsung Galaxy SIII.
 
Датум: 24 септември – 7 ноември
Време: Група 1 (започнува 24 септември): секој Понеделник, Среда и Петок од 17.00- 20.00 часот
Група 2 (започнува 25 септември): секојВторник и Четврток од 17.00- 20.00 часот
Група 3 (започнува 17 октомври): секој Понеделник, Среда и Петок од 17.00- 20.00 часот
ЛокацијаПСМ Фондација – Аеродром
Цена: 999МКД со вклучен ДДВ (цената е субвенционирана од 4999 МКД)
 
За да се пријавите на обуката пополнете ја следнава апликација и пратете ја на trainings@yes.org.mk најдоцна до 24 Септември.
 On-line уплати: за да извршите уплата on-line, кликнете на следниот линк
 
За да го резервирате своето место, треба да извршите уплата најдоцна до 24 септември; на горенаведениот линк за on-line уплата или пак на оваа сметка:
 
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: За обука за започнување бизнис