|
Broker Incorporated
Успехот на современите компании не може да се замисли без
присуството на информационите технологии. Не дозволувајте светските
трендови да ја заобиколат вашата компанија. Глобализацијата,
проширувањето на пазарот и миграциите на капиталот директно влијаат
врз финансиските резултати на секоја компанија. Брендирањето,
веб-присуството, промоцијата, автоматизацијата на процесите и
компјутерската анализа на работењето на компанијата се работи кои
треба да ги имате во предвид за да ја зголемите конкурентноста не
само на македонскиот туку и на глобалниот пазар.
Дозволете Broker Incorporated да биде Ваш партнер
во освојувањето на глобалниот пазар. Со стручен тим од шест
информатички инженери, тројца економисти и двајца графички дизајнери
Broker Incorporated може да одговори на сите ваши барања и потреби.
Компанијата е составена од три сектори – Broker
Business Software, Broker Web Solutions и Broker Graphic Design.
Координираната работа на трите сектори создава комплетни решенија во
следниве области:
-
Софтверски решенија за мали и средни
претпријатија (материјално и финансиско работење, оптимизирање
на процеси, оптимизирање на потрошен материјал, резервации итн)
-
Веб решенија (статични и динамични решенија
за интернет портали, корпоративни веб-страни, онлајн весници и
е-продавници)
-
Графички дизајн (логоа, брендирање, рекламен
материјал, интерактивни банери)
Области на експертиза на тимот кој работи во
Broker Incorporated:
.NET ASP ASPX CSS C/C++ Flash J2EE Joomla Visual Basic XML CorelDraw
Java JSP Photoshop AJAX Delphi Javascript PHP SEO (search engine
optimalization) Jason MySQL SQL server 2000 Visual Studio 2003/2005
Eclipse
Економскиот портал www.broker.com.mk кој официјално треба да започне
со работа на 1 Август е во комплетна сопственост на Broker
Incorporated.
Контакт информации:
Broker Incorporated
email1: info@broker.com.mk
email2: info@brokinc.com
web: www.brokinc.com
Skype: brokerinc
+389 71 271-694
+389 2 3103-661
|