Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

04/09/2010 Започнаа обуките за почнување бизнис во Битола
На 03 септември, во Американското Катче во Битола започнаа бесплатни обуки за почнување на бизнис наменети...
 
02/09/2010 ПСМ Фондација додели награди за најдобри бизнис планови во Куманово
На 20 август, во просториите на Општина Куманово, се одржа свечено доделување на наградите за најдобар бизнис план...
 
25/08/2010 Бесплатни обуки за почнување на бизнис во Битола, Тетово и Струмица
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија”,...
 

останати новости...

 
 

КОМПАНИЈА

 
АКСОН
Компанијата Аксон е дизајнирана првенствено да понуди решение за развој и одржување на online обуки.

Во таа насока, Аксон има развиено web-базирана алатка наречена Axon LMS - Learning Management System, софтвер за учење преку интернет.

Оваа алатка е наменета за онлине претставување на сите видови образовни програми и тренинзи на интернет училиштата, универзитетите, корпоративните обучувачи, исто како и за индивидуалните предавачи и професори.

Axon LMS софтверот овозможува да се искористат предностите на високоразвиената технологија заедно со интернетот со цел преточување на едукативните предавања во мултимедијални презентации на знаење.

Целта на Axon е да имплементира високо-развиени технологии во информатичката индустрија во Македонија, со што лансира промени во начините на деловното функционирање, но највеќе од се, иновации во областа на образовните методи и пристапи и квалитетот на пренесување на знаење.

Инвентивноста на нашата идеја е во создавање на нов концепт за предавање и примање на знаење, кој сеуште не е широко промовиран и прифатен на домашниот пазар.

Axon, како правен субјект претставува лице на LMS-от и со тоа е претставник на единствениот начин на мултимедијално презентирање на знаење.
 
Адреса: Архимедова бб (реон 60)
Телефон: 02 3103 671
E-mail: contact@axon.com.mk
Web: http://www.axon.com.mk

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира