|
Сигурно веќе ти е познато дека започнувањето на нов
бизнис бара опширно истражување и анализа на многу
фактори. Но оној фактор кој што заслужува најголема
проценка и внимание е најчесто превиден од многу
претприемачи. Но тој е најблиску и најдостапен, само на
најблиското огледало.
Тоа е зато што желбата да бидеш претприемач е едно, а да
бидеш претприемач е нешто сосема друго. Ќе имаш
одговорности и обврски многу различни од оние на
вработениот, па дури и ако имаш искуство како менаџер.
Ова искуство може да биде добро наградено. Секако ако не
си ментално и емоционално подготвен, ова искуство може
да те совлада. Пред да почнеш да првиш финансиски
планови и да ги планираш залихите, седни и направи си
испрашувачко интервју со самиот себе, за да се осигураш
дека си вистинскиот човек за сите важни работи на
претприемачот-сопственик-шеф.
Дали се поттикнуваш самиот себе?
Ништо во бизнисот не се случува само по себе. Како
сопственик, ти си одговорен за се во фирмата, почнувајќи
од креирањето на визијата, до организирање на дневниот
распоред. Самиот факт што читаш вакви натписи и
истражуваш за претприемништвото е добар знак.
Дали размислуваш позитивно?
Во моментот кога ќе станеш сопственик на фирма, ти се
претставуваш себеси, твојата фирма и твоите очекувања за
успех. Се што ќе речеш или направиш мора да биде
изразено преку доверливост и обврзување за напредување.
Вработените кои што го насетуваат овие квалитети, ќе ја
делат истата желба за успех, дури и во тешки околности.
Ако работиш сам, ќе има денови кога ќе мора да бидеш
сопствен поттикнувач. Дали си
дисциплиниран?
Твоите денови на рутина „од 8 до 4” се завршени.
Водењето на мал бизнис бара постојана обврзаност за
квалитет и детали. Не може да си дозволиш да „одиш по
скратен пат”, да пропушташ крајни рокови, или пак да
даваш ветувања кои што се далеку од твоите можности и не
може да ги оствариш. Ако планираш да го водиш бизнисот
од дома, мора да бидеш способен да одолееш на
искушенијата и одвлекувањата на вниманието со цел да ја
завршиш работата. Дали си
доживотен ученик?
Претприемачите кои постојано бараат информации, нови
идеи и совети имаат најголеми можности за успех. Да
бидеш во ритам со движењата на трендовите на пазарот,
значи полесно прилагодување на производите и услугите на
потребите на купувачите. Исто така, ќе можеш да ја
зајакнеш твојата конкурентна позиција и ефикасност, и да
ги идентификуваш потенцијалните проблеми, дури и пред да
се појават.
Може ли да се продадеш себеси и твојот бизнис?
Луѓето најчесто имаат проблеми по ова прашање поради
негативната конотација (најчесто нечесна) во која што се
употребува терминот „продавач”. Ниеден бизнис, макар
колку и да е добар, нема да успее без било каков
маркетинг. Но добрата вест е тоа што промовирањето на
бизнисот е полесно отколку што мислиш, додека знаеш што
треба да направиш и како тоа да го направиш. Најпосле,
сите ние уживаме да кажуваме убави работи за себе. Кога
ќе ја раскажеш твојата приказна на вистински начин,
повеќе луѓе ќе сакаат да ја слушнат .
Дали си објективен?
Твоите идеи и искуства може да ти се чинат „непробојни”,
но реалноста е нешто сосема друго. Дали навистина има
потрба од твојот производ или услуга на пазарот? Дали
работното време им одговара на твоите вработени? Дали
изнајмувањето на опрема е подобро од купуванње на
истата? Добар бизнис сопствник знае како да го истражи
секое прашање од многу перспективи и да ги познава
можностите и ограничувањата на секоја од нив.
Па, како помина твојот тест за
претприемач-сопственик-шеф? Ако одговорот на повеќето
прашања ти беше „да” , твојот сон за мал бизнис има
шанси да стане реалност. За слабостите и критичните
точки секогаш постојат бизнис консултанти, курсеви за
менаџмент, па и сопствен напор за отстранување на
непродуктивни навики на сметка на нови. Како и да е,
кога работиш за себе треба да бидеш самоуверен
претприемач-сопствени-шеф, кој што знае што сака и знае
што точно прави.
|