|
|
 |
|
|
|
ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ
|
|
|
|
Претприемач |
|
Што го прави претприемачот
претприемач? Сигурно постојат некои специфични
карактеристики, кои се потребни за успешен претприемач и
за среќа за оние кои сакаат да станат претпиремачи или
сакаат да си ги развијат своите претприемачки вештини,
овие карактеристики можат да се научат.
Следните карактеристики се заеднички помеѓу оние што го
имаат "она што е потребно"
-
Сигурен во себе, полн со
самодоверба и независен
-
Способноста да постави јасни и
мерливи цели
-
Способноста да бара информации и
ресурси за постигнување на целите
-
Лидерски способности
-
Да прифати дека грешките и
ризикот се дел од успехот
-
Да може да работи и по 50 часови
неделно- не е типичен вработен
-
Да поседува неограничена себе
мотивација
-
Да биде подготвен да се соочи и
да ги надмине своите лични стравови и ограничувања
-
Натпреварувачки дух
-
Градење на ефективни врски и
соработка со тимовите
-
Секогаш да поседува идеја или
подобар начин за остварување на целите
-
Искуство или знаење за некоја
специјалност
-
Желба да направи се за да успее
-
Да има развиено силно чувство за
насока
-
Да поседува неограничен
потенцијал – секогаш способен да расте, учи и
изведува подобро
Како успешен претприемач:
-
Треба да размислуваш за своите
проекти и идеи како дел од поголемата слика и да ги
разбереш како деталите се вклопуваат и интегрираат
во целината. Овој начин на размислување е општо
познат како системски и може да се набават многу
книги на оваа тема. Системското размислување е
ефективно за умешноста и вештините кои се потребни
за креативност и решавање на проблемите.
-
Треба да поседуваш надмоќна
потреба за достигнувања и да имаш силен
натпреварувачки дух, па дури и со самиот себе.
Секогаш треба да се трудиш да се надмудриш себеси и
другите. Овој процес треба да биде природен како и
дишењето, а воедно треба да биде твојата движечка
сила.
-
Треба да имаш одлучност и
посветеност за да бидеш иследен во обврските, полн
со самодоверба и да ги имаш работите под контрола.
Исто така, треба да дејствуваш во позитивна
атмосфера. Сите "морам" треба да ги претвориш во
"сакам", и да работиш на принципот "можам"и "ќе го
направам". Не се плaшиш од неуспех затоа што неуспех
не е збор во твојот речник, ниту пак опција – туку
неуспехот се изедначува со фидбек, а фидбекот е
основа на секое учење.
-
Ти си објективен, но треба да
имаш способност да го процениш ризикот реално во
глобалната слика. Имаш способност за антиципирање на
развојот кои што ти го даваат решението во многу
случаи. Го користиш твојот инстинкт за големите
крајни ефекти. Ги имаш потребните ресурси и
поседуваш одлични способности за решавање на
проблемите и посветеност за надминување на пречките
како што тие се појавуваат.
-
Треба да имаш одлични
комуникациски вештини. Знаеш колку е важна јасната и
концизната комуникација за успехот. Исто така имаш
големо познавање за бизнисот во кој што си.
|
|
|
|
|
 |