Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Како да заработиш време

 

Денес планираше да започнеш со работа порано и да го завршиш проектот , чиј краен рок е денес, но колата не ти пали. Знаеш дека го запиша името на механичарот некаде, но не можеш да се сетиш каде. Очајно бараш низ твоите белешки, но не мжеш никаде да го најдеш. Сега веќе нема шанси да го завршиш проектот на време. Почнуваш да паничиш. Времето си поминува.

Најголем дел од нас одвреме навреме се чувствуваат преплавени со обврски. Истоштувачки распореди на работа, семејни одговорности, едноставно ни се чини дека нема доволно време за се што сакаме да направиме. Но како и да е, има светло на крајот од тунелот. Кога ќе научиме како да управуваме со времето, секојдневниот хаос во нашите животи ќе се намали или целосно ќе биде елиминиран.

Првиот чекор во управување со времето е да направиш еден голем распоред, кој ќе вклучува време за тебе самиот, како и време за твојот бизнис.

Вториот чекор е одредување на приоритети, според крајните рокови, рутинските активности како и време за релаксација, што значи ќе ги одредиш активностите кои треба да бидат завршени веднаш, а кои можат да почекаат.

Со правење на распоред на времето и одредувањето на приоритетите веќе си го започнал патот кон поефективен менаџмент. Други предлози за ефективно управување со времето се:

  • Одбиј ги задачите за кои немаш доволно експертиза да ги завршиш. Твојот клиент ќе ја цени твојата искреност.

  • Започни со најдосадните задачи. Започни го утрото, пладнето или вечерта со оваа задача. Ова ќе ја намали твојата загриженост за наредната задача.

  • Завршувај ги задачите пред крајниот рок. Не само што ќе го намалиш нивото на стрес , туку ќе ти даде и поголем самодоверба за менаџирање со твојот распоред.

  • Треба да си го познаваш капацитетот на стrес кој што може да го издржиш. Кога стресот е поголем одколку што може да издржиш, земи пауза, макар и кратка.

  • Остани организиран. На крајот од секој ден остави си малку време за да си го средиш бирото и да направиш краток потсетник за задачите за следниот ден или идната недела.

  • Искористи ги предностите на мртвите периоди. Дозволи си ваков период помеѓу многу зафатени периоди.

  • Активирај се физички. Физичките вежби како возење велосипед, трчање или организирани спортски активности помагаат при ослободување од стресот. Јога, скокање на јаже, стомачни склекови, играње со децата или работа во градината се сметаат како терапветски вежби кои треба да ги применуваш во стресни периоди.

  • Забавувај се. Забавувај се додека работиш или играш; добрата смисла за хумор ги држи проблемите на дистанца.

  • Подели го своето време. Одлучи колку време ти треба за развој на бизнисот, лични потреби и семејство. Дозволи си 25% од времето да го посветиш само на себе. Секој пат кога ќе имаш некоја обврска, постави си граница на времето.

  • Биди флексибилен во распоредот. Времето одредено за твоето семејство и твоите пријатели треба да биде вклучено во распоредот. Секогаш остави си празен простор, за итни ситуации, а осбено ова важи за жените претприемачи, кои имаат поголеми обврски кон децата.

Секогаш следи ја релацијата помеѓу бизнисот и приватниот живот. Биди што е можно пореален при одговарње на следниве прашања, и запампти што е најважно за тебе.

  • Кои се твоите долгорочни цели? А целите на твојот партнер?

  • Кои се конфликтите, а кои се сличностите?

  • Што е тоа што навистина сакаш да го работиш? Утврди ги сите можни начини за да го оствариш тоа?

  • Колку време ти е потребно за да ги оствариш овие цели?

  • Како твојот распоред и цели влијаат на твојата фамилија? (родители, партнери, деца)

  • Дали твоите лични цели се во конфликт или се комплементарни со твоите бизнис цели?

  • Колку време може да донираш за општествени потреби?

  • Дали си зборел со твојот бизнис партнер за твоите лични цели?

  • Дали си зборел со твојот личен партнер за твоите бизнис цели?

Не го потценувај фактот дека моционалниот стрес влијае на твоето физичко здравје и способноста да се концентрираш на работата, или да уживаш во времето со твојата фамилија. Биди сигурен дека секогаш може да одвоиш време за важните луѓе и настани во твојот живот.

 

* Текстот е преземен од http://www.sba.gov

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира