|
За да бидеш ефективен лидер треба да
ги развиеш вештините на стратегиско размислување.
Стратегиското размислување е процес каде што учиш како
да ја претвориш твојата бизнис визија во реалност преку
развој на способностите на тимот за работа, планирање и
извршување на промените, како и предвидување на нови
можности.
Стратегиското размислување бара предвидување за тоа како
би изгледала идеалната цел од твојот бизнис, а потоа
враќање низ приказната за тоа како да ја оствариш
визнијата.
При развојот на стратегијата треба да
се концентрираш на пет различни критериуми. Овие
критериуми ќе ти помогнат да ја претвориш визијата во
реалност. Тоа се следните критериуми:
-
Организација. Организацијата ги
опфаќа луѓето кои ќе работат за тебе,
организационата структура на твојот бизнис, како и
ресурските потребни за се ова да функционира. Како
ќе изгледа организацијата? Каков вид на структура ќе
ја поддржува твојата визија? Како ќе ги комбинираш
луѓето и ресурсите за да ги постигнеш твоите цели?
-
Набљудување. Кога го гледаш
светот од авион, може да видиш многу повеќе одколку
кога си на земјата. Стратегиското размислување е
нешто слично, што ти овозможува да ги гледаш
работите од повисоко. Преку зголемување на твоите
моќи за набљудување, ќе станеш посвесен за тоа што
ги мотивира луѓето, како да решаваш проблеми
поефективно, и како да правиш разлика помеѓу
различни алтернативи.
-
Аспекти. Аспектите се различен
начин на гледање на нештата. При формирање на
стратегијата треба да земеш во предвид неколку
апсекти: околина, пазар и самиот проект. Овие
аспекти на размислување можат да ти користат при
формулирање на исходите, при идентификување на
критични фактори и при прилагодување на активностите
при достигнување на целта.
-
Подвижни сили. Кои се подвижните
сили кои ќе ја направат твојата идеја реалност? Која
е визијата и мисијата на твојата компанија?
Подвижните сили се всушност активностите на кои
сакаш да се фокусираат луѓето во твојот бизнис (т.е.
она што ќе го користиш за да ги мотивираш луѓето).
Примерите за подвижни сили се: индивидуални и
организациони поттикнувачи, еманципирање и
планирање, квалитативни фактори како што се
дефинирана визија, вредности и цели, продуктивни
фактори како мисија, квантитативни фактори како што
се искуствени резултати, ефективност, продуктивност
и ефикасност.
-
Идеална позиција. Одкако ќе ги
поминеш првите четири фази на стратегиско
размислување, би требало да ја дефинирш твојата
идеална позиција. Таа треба да вклучува: условите
кои треба да бидат исполнети за твојот бизнис да
биде продуктивен, делот од пазарот кој ќе го
опслужува твојот бизнис, сите можности кои постојат,
клучните вештини потребни за твојот бизнис, како и
стратегијата и тактиката кој ќе ги користиш за да ја
постигнеш целта.
Со работењето низ овие пет области,
ќе имаш појасна слика за тоа како треба да биде остварен
твојата бизнис визија. Како што стануваш повеќе
фокусиран на твојата визија, ќе ти надоаѓаат се повеќе
идеи кои ќе може да ги оствариш. Не само што ќе биде
полесно да ги убедиш другите дека твојата идеја е добра,
туку ќе биде полесно да се убедиш себеси и да се
мотивираш секојпат кога некоја препрека ќе наиде на
патот.
Всушност, стратегиското размислување
може да го употребиш во секој дел од твојот живот. Но со
употребата во деловниот живот, шансите да ја претвориш
визијата во реалност се многу поголеми. Нели тоа е она
што го сакаше?
* Текстот е преземен
од
http://www.sba.gov
|