Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Што се ми е потребно за да отворам своја компанија?
Вторник, 10 Јуни 2008

 

Ова е прашање што често си го поставуваат поединци кои имаат идеја да отворат компанија, но не се сигурни во постапката и цената која треба да ја платат. Често се слуша терминот „едношалтерски систем“ и дали тој навистина функционира.

Се потрудивме да најдеме одговор на ова прашање, и за среќа на сите тоа функционира. Односно нема потреба да одите кај адвокат кој целата процедура ќе ви ја заврши за цена од 200Еур. Доволно е да појдете во Централниот регистар на Р. Македонија и навистина ќе завршите 90% од потребните процедури. Имено, ќе Ви биде потребна лична карта, и износ до 4602 денари.
Ќе се обратите до шалтерот за Основање на фирма, ќе Ви ги дадат обрасците кои треба да ги пополните, да направите соодветна уплата за трошоците како на пример, такса од 2552 денари, проценител и печати 1250 денари, и слично. Потоа ќе Ве упатат да најдете проценител, а истиот може да го најдете пред зградата на Централниот регистар или во Адвокатската уличка.
Истотака на шалтерот ќе може да проверите дали случајно постои веќе фирма со исто или слично име.

Процедурата трае еден ден. Откако ќе се завршат сите процедури ќе биде потребно само да отворите жиро сметка во банката во која ќе одлучите да имате сметка.

Нормално основач и управител на фирма можат да бидат лица согласно Законот за трговски друштва.

 

* Текстот е преземен од http://www.investicii.com.mk

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира