|
|
 |
|
|
|
ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ
|
|
|
Кои трошоци треба да ги имате во предвид при
отварање на нова компанија?
Недела, 15 Јуни 2008
|
|
Многу од младите, поради големата невработеноста, се
одлучуваат да основаат своја компанија со која ќе се
обидат да обезбедат убава иднина за себе, своето
семејство и за неоколку вработени. За почеток тоа е и
одлична идеја наместо да чекате некој да Ве вработи.
Чекањето може да биде со месеци, години,... и да
изгубите воопшто желба за работа. Самото тоа што Вашата
иднина ќе зависи од Вас ќе бидете мотивирани да најдете
начин како повеќе да заработите и со тоа и можност да
вработите повеќе луѓе.
Сепак треба да имате во предвид дека за почеток Вашата
компанија ќе има и трошоци кои ќе ја намалат
предвидената добивка.
Покрај редовните трошоци за отварање на Вашата компанија
треба да имате во предвид дека ќа имате трошок за
книговодствени услуги. За мали фирми таа цена се движи
од 1500 - 3000 денари месечно. Треба да одберете фирма
на која ќе и верувате околу водењето на Вашата
компанија, фирма која ќе биде подготвена да Ви одговори
на сите прашања што ќе Ви се наметнат додека ги
совладувате вештините на работење со Вашата компанија.
За ова прашање ќе посветиме повеќе внимание во друг
текст.
Потоа треба да имате во предвид дека годишно се плаќа
фирмарина која се движи околу 8000 денари и се плаќа на
општината во која е регистрирана компанијата. Не треба
ни да помислувате овој трошок да не го плаќате ниту да
наоѓате изговор, или начин како ќе се справите со
евентуална инспекција.
Во предвид треба да ги имате и месечните трошоци што ќе
Ви ги наплаќа банката во која ќе отворите сметка. Не се
големи, од 200-500 денари месечно, но сепак треба да ги
имате во предвид.
Сигурно веќе знаете, но доколку сте вработени во Вашата
компанија, ќе имате месечен трошок за придонесите за
плата кои и не се така малку односно околу 70% од нето
платата што планирате да си ја исплаќате. Доколку
сметате дека овој трошок нема да може да си го
дозволите, сепак отворете ја компанијата и не се
вработувајте веднаш. Плата ќе може да си исплаќате во
вид на авторско дело. И за ова ќе имаме можност нешто
повеќе да напишеме во друг текст.
Би била одлична идеја доколку веднаш пристапите околу
отварање на веб страна, со што Вашите потенцијални
партнери ќе можат да прочитаат нешто повеќе за Вас и
Вашата компанија. Овие трошоци се некаде од 1000-4000
денари годишно без изработка на веб страницата.
Сметајте дека Вашата добивка на крајот од годината ќе
биде намалена и за амортизација. Ова нема да биде некој
реален трошок, но сепак тоа се пари кои треба да
планирате да ги двоите заради обнувување на
аморитизраната опрема, а всушност ја намалуваат и самата
добивка на крајот од годината.
И за крај уште еднаш да ги сумираме евентуалните трошоци
:
1. Месечен трошок за книговодствени услуги околу 1500 -
3000 денари месечно
2. Годишен трошок за фирмарина околу 8000 денари годишно
3. Месечен трошок за банкарски услуги - околу 200-500
денари месечно
4. Месечни придонеси околу 70% од нето платата
5. Веб страница -околу 1000-4000 денари годишно
* Текстот е преземен
од
http://www.investicii.com.mk
|
|
|
|
|
 |