|
|
 |
|
|
|
ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ
|
|
|
|
10 вообичаени замки пред отпочнување на сопствен
бизнис |
-
Ако некој бизнис план ви звучи
премногу вистинито за да биде реално остварлив –
веројатно и не е остварлив. Клучните претпоставки во
бизнис планот може да бидат и погрешни, но добриот
план за маркетинг е неопходен.
-
Продуктите и услугите мора да се
продаваат – ако вие не знаете како, мора да најдете
некој кој знае многу добро да ги продава.
-
Кога барате финансии, точно
прецизирајте колку ви се потребни и на што точно ќе
ги потрошите. Внимавајте со кешот, секогаш се троши
многу побргу отколку што се очекува
-
Во бизнис планот скоро секогаш
планираме помалку за трошоци од сумата што ни е
потребна во реалност и скоро секогаш планираме
повеќе средства да добиеме.
-
Ако нешто изгледа дека е добра
бизнис идеја не значи дека и потрошувачите ќе се
заинтересирани за неа.
-
Природата на бизнисот е многу
ризична, а ризиците знаат да се менуваат многу често
– ништо не е гарантирано. Многу важно е да ги
идентификувате сите ризици и да ги имате испланирано
следните чекори за нив. Секогаш имајте добри
консултанти!
-
Доставувачите не се секогаш
сигурни и треба почесто да се проверуваат – затоа
секогаш имајте план Б во случај да не стигнат на
време.
-
Не е возможно се да направите
сами, секогаш имајте покрај себе тим кој ќе ве
поддржува и ја разбира вашата визија и вашите
планови.
-
Секогаш ќе има луѓе кои ќе мислат
дека вашите идеи нема да бидат успешни – затоа
бидете флексибилни и променете ги – направете ги
реалност
-
Почнувањето на бизнис е 10%
инспирација, 90% вредна работа
|
|
|
|
|
 |