Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
14 Прашања што треба да си ги поставите пред да ја објавите вашата бизнис идеја

 


Вашиот бизнис

  1. Размислете внимателно зошто би сакале да започнете бизнис. Дали идејата за вашиот бизнис ги задоволува овие причини. Како вашиот бизнис се вклопува во вашиот приватен живот?

  2. Дали сте навистина возбудени поради вашата бизнис идеја? Направете листа на вашите интереси и хоби. Дали вашата бизнис идеја вклучува некој од вашите интереси?
    Многу е важно да бидете мотивирани за бизнисот што го водите и да не се премислувате секојдневно што сакате да работите и дали вашата работа ве исполнува. Отпочнувањето на нов бизнис не е само работа од 9 до 5 со ограничено работно време, туку нешто повеќе и бара откажувања и жртвувања - најчесто од некое ваше хоби.

  3. Кои се вашите лични силни и слаби страни? Дали вашиот бизнис е базиран врз вашите силни страни? Дали имате некоја многу слаба страна која може да влијае на вашиот бизнис?
    Дали имате некој кој ќе ве советува? Дали вашиот тим има вештини и знаење кои вие ги немате и ќе може да ве надополнува? Ако немате таков тим, како ќе ги надополните вештините и знаењето кои ви недостигаат?

  4. Од каде ќе го водите вашиот бизнис? Дали е на пристапно место? Најчесто сите почнуваат со свои канцеларии во сопствениот дом. За оваа варијанта не се потребни финансии, но лошата страна е што најчесто не се прави разлика помеѓу домот и работното место и се губи професионалноста.

Ваш сервис или продукт

  1. Дали имате истражувано за вашиот продукт/сервис темелно? Дали е уникатен? Дали им го имате презентирано вашиот продукт/сервис на вашите пријатели и на вашата фамилија? Дали тие би платиле за нив и дали имаат забелешки за истите?

  2. Која е користа од вашиот продукт/сервис за потрошувачите? Дали потрошувачите ќе бидат спремни да ја платат цената за истиот? Вашиот продукт/сервис мора да биде нешто што МОРА да се има, а не само ПОЖЕЛНО е да се има.

  3. Кој ќе се грижи за изработка, пакување и испорака на вашиот продукт/сервис? Дали сте размислувале специјалисти да работат на вашиот продукт/сервис или тоа ќе го правите самите? Дали можеби не е подобро да бидете под ексклузивна заштита на некоја поголема компанија? Како ќе го контролирате растот на вашиот бизнис?

  4. Дали на некој начин би можело да го заштитите вашиот бизнис од вашата конкуренција? Колку лесно е во ова современо време некој малку да ја модифицира вашата идеја и со многу посилна кампања да ви ја преземе идејата? Кој може да ве советува за заштита на вашата идеја? Дали има некои здравствени и безбедносни регулативи кои мора да ги почитувате?

Маркетинг

  1. Што е маркетинг? Колку е широк вашиот маркетинг? Дали сте ограничени со географски граници при вашиот маркетинг? Дали е потребна различна стратегија за различни региони?

  2. Дали имате направено истражување за цената? Дали имате силна конкуренција во однос на цена?

  3. Како ќе се промовирате? Имањето на одличен продукт или сервис не е доволно само по себе. Морате да имате силна стратегија за марктеинг

Конкуренција

  1. Кој ви е конкуренција? Кои се вашите предности и слаби страни во споредба со нив?

Финансии

  1. Колку финансии ви се потреби за вашиот бизнис? Кои се клучните моменти на трошење на истите? Кои се критичните моменти? Дали можете да предвидите кога би можело да ви притребаат финансиски консултации? Кога инвеститорите ќе си ги повратат парите? Најдобрата варијанта е кога имате 3-годишен финансиски план. Најчесто новите бизниси не се профитабилни во првите 12 месециод нивното работење.

Ризици

  1. Кои се ризиците во вашиот бизнис? Како и којможеда ви помогне за да ги отстраните истите?

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира