Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Подготвки за претприемништво

 


Претприемачи? Кои се овие луѓе? Што сакаат? Зошто се толку посебни? Што всушност е претприемништвото?

Да бидеш претприемник значи дека си си свој сопствен шеф. Замислете си како е кога сте си шеф и не морате да одговарате никому – вие сте лидерот на компанијата. Никој од вашите врaботени не се осмелува да ви порекне и вие заработувате повеќе од било кога претходно. Нели е тоа идила? Нели таков треба да биде животот?
Ако е ова она што го очекувате од вашиот претприемнички живот ќе се разочарате. Ако сонувате дека ќе седите на кожена столица и ќе чекате профитот сам да ви дојде – повторно ќе се разочарате. Во тој случај веројатно е најдобро повторно да рамислите што би сакале да работите.

Вистината за претприемништвото е дека е работа без слава и раскош. Всушност и најчесто претприемачите се оние кои треба да ги работат нечисти работи особено кога никој и не знае за тоа.

Секогаш имајте ги предвид следните неколку работи:

Ставови

Дали верувате дека ставовите можат да го уништат вашиот бизнис? Негативните ставови се првиот чекор кон пропаст на вашиот бизнис.За да го одбегнете ова – ќе мора да ги промените вашите ставови и секогаш да бидете позитивни и да размислувате како претприемник. Обичниот работник чека работите да се случат, а додека претприемачот прави работите да се случуваат. Обичниот работник чека инструкции, а додека претпримачот дава јасни инструкции. Обичниот работник чека некој да ги реши проблемите, а претприемачот ја презема ситуацијата во свои раце за да ги реши проблемите.

Одговорности

Секогаш треба да бидете подготвени да преземате одговорности за вашопт бизнис и тековните случувања кои се поврзани. Успешноста во претприемништвото не е само успешен бизнис план или пак работење со пари.
Кога бизнисот не оди како што треба не треба да се обвинува економскиот пад, маркетот, економската клима, конкуренцијата или пак околината и да се чека помош од Владата, туку треба да се преземе контролата во свои раце и да се најде начин да се подобри. Ако се направи грешка, преземете ја одговорноста за истата и научете од неа.


Верувања

Ако некоја особа А верува дека може да почне бизнис за $50,000 – тогаш и ќе го почне. Ако некоја друга особа Б верува дека може истиот тој бизнис да го почне за $1,000 секогаш ќе најде начин како да го направи тоа. Во реалноста на особа А – таа не може да види како може да го почне бизнисот за помалку од $50,000 и чувствува дека е во право. Нема ништо погрешно во тоа дали ќе го почнете бизнисот за $50,000 или $1,000. Во прашање е само систeмот на верување на особите и тој систем на верување ви ја дава сликата за која ќе мислите дека е реална или лажна. Ваше е вие самите да одберете во кој систем на верување ќе верувате.


Услуга

Бидете подготвени да им служите на луѓето околу вас. Само доколку им служите на другите и им помагате да стигнат до своите цели само тогаш ќе добиете што сакате од нив. Влезете во бизнисот со цел да служите и да давате и тогаш ќе почнете да добивате.
Услугата не значи услужување само на корисниците. Услужувањеto на вработените и партнерите ја охрабрува комуникација и води до засилување на тимскиот дух и креирање на победнички тим.


Континуирано учење

Секогаш бидете подготвени да се надградувате себе си. Надградувањето не е само за вработените во вашата компанија туку пред се за претприемачот. Има многу вештини и техники кои му се неопходни на претприемачот и претприемачот мора да ги учи постепено. Наједноставниот начин за тоа е постојано да се посетуваат обуки, работилници и семинари.

Но, зошто би плаќале толку многу? Има една изрека која вели: „ Ако мислите дека образованието е скапо, обидете се да го игнорирате не знаењето“. Наместо да се мислите за цената на вашето образование, мислете на тоа како на инвестиција. Вештините и искуството од книгите, семинарите и обуките можат да ви бидат корисни цел живот, затоа гледајте на тоа како на животна инвестиција.

Пред да се впуштите во претприемничките води, морате да направите неколку промени во вашиот живот и да почнете да го правите она што другите не го прават.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира