|
Зборот претприемништво има многу
значења. Од една страна, теоретски - претприемач е
пионер - личност која почнува нови работи и поседува
исклучителни карактеристики кои ретко кој друг ги има.
Од друга страна, секој кој што сака да работи сам може
да се именува како претприемач.
Зборот претприемач доаѓа од
францускиот збор entreprendre – што значи да превземеш.
Во бизнис контекст, ова значи да отпочнеш бизнис.
Ставот Schumpeter за
претприемништвото
Австрискиот економист Joseph
Schumpeter при дефинирањето на претприемништвото особен
акцент става на иновацијата на:
• Нови продукти
• Нови методи на производство
• Нови пазари
• Нови начини на организирање
Претприемништво – мали
бизниси
Многу луѓе ги користат термините претприемништво и
сопственик на мал бизнис како синоними, но во реалноста
овие термини се различни и има разлика меѓу
претприемништво и мал бизнис.
Претприемништвото се разликува од бизнисот на следниот
начин:
Профит – наспроти традиционалниот начин
на вработување и постепеното зголемување на просечниот
профит, претприемачите се милионери
Брзина на профитирање
– малите успешни бизниси имаат профит од
неколку милиони во текот на нивното постоење, додека
оваа бројка претприемачите ја достигнуваат најчесто за 5
години
Ризик – ризикот кој
што претприемачот го презема секогаш е многу висок
Иновација –
претприемништвото најчесто е поврзано се некоја
оддржлива идеја и креативна идеја, додека малите бизниси
најчесто не се од таков тип. Иновативноста може да биде
продукт или сервис, или пак во начинот на кој се
спроведува истиот
|