Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Излуди ја конкуренцијата, додека ја водиш твојата компанија кон успех

 

1. Запознај се себеси. Пред да ја излудиш конкуренцијата, треба да разбереш за што всушност е твојата компанија. На пример Apple е компанија за кул технологија. Никогаш нема да се претстави како компанија за софтвер, за услуги и поддршка.


2. Запознај го твојот купувач. Вториот чекор е вистински да запозаеш што твојот купувач сака и не сака од тебе. Многу ретко купувачот сака да ти помогне да ја полудиш компанијата. Тоа е во твојата глава, а не во главата на купувачот. Добра компанија слуша што купувачот сака. Големите компании ги антиципираат потребите на купувачите - дури и пред тие самите да знаат дека им се потребни.


3. Запознај го твојот непријател. Не може да ја излудиш конкуренцијата, доколку не ги запознаеш нивните предности и слабости. За да го направиш тоа, стани нивен купувач, со купување на нивните производи и услуги. Никогаш не можев вистински да разберам како е да бидеш купувач на Microsoft, додека не купив Sony Vaio и на него користев Windows.


4. Фокусирај се на купувачот. Најдобар начин за да ја излудиш конкуренцијата е да не им правиш ништо директно на нив. Најдобар начин за тоа е ти да успееш. Твојот успех, повеќе од било што друго, ќе ја излуди конкуренцијата. А за да го постигнеш ова, не е важно она што можеш да и го направиш на конкуренцијата, туку она што можеш да го направиш за својот купувач. Ќе успееш во опслужување на купувачот, ако го користиш знаењето здобиено со првите три чекори: рабирање на активностите на твојат компанија, запознавање на потребите на купувачите, и откривање што кокуренцијата не прави.


5. Претвори ги купувачите во светци. Креирај одличен производ, претстави го на купувачите, види кој во што ќе е заљуби, рашири ги рацете кон нив (тие ќе дојдат со трчање), а потоа грижи се за нив. Толку е едноставно.


6. Создади добро со правење добро. Понекогаш ова можеш да го правиш во исто време. На пример, ако поседуваш ланец на продавници со хардвер, можеш да помогнеш во реизградба на општеството после некоја катастрофа. Така ќе добиеш бесплатен публицитет, а исто така ќе изградиш добри врски со општеството. Ова навистина ќе ја излуди конкуренцијата.


7. Претвори ја кокуренцијата во твој сојузник. Мојата омилена детска книга, Витезот и змејот, од Tom dePaola е приказна за витез и змеј кои се обидуваат да се убијат меѓусебно. После неуспешната битка, тие одлучуваат да "прават бизнис" заедно. Со здружување на способноста на змејот да фрла оган и способноста за продажба на витезот, тие го отвараат K&D Bar-B-Q.


8. Играј си со нивните умови. Ако ги направиш сите овие позитивни работи, може ќе си поиграш со конкуренциските умови. На пример, замислете како пица компанија нуди 2 пици по цена за една, доколку купувачот донесе искината реклама на кокнуренцијата од Yellow pages.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира