Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Дали си претприемач кој гладува за време?

 

Да бидеш претприемач и да водиш успешен мал бизнис може да биде многу стресно. Успехот во малиот бизнис апсолутно бара поседување на менаџмент вештини, во спротивно задачите кои треба да бидат извршени, ќе останат неизвршени, а одлагањето, како и дефицитот на време ќе се појави.
Неколку студии покажуваат дека многу нови претприемачи посветуваат време на неважни активности, кои немаат врска со бизнисот, или имаат мало влијание на успехот во бизнисот. На крајот на секој работен ден (кога конечно ќе заврши), претприемачите се под стрес, потрошени, одделени од својот приватен живот, и што е најлошо, со чувствуваат неисполнети и неефикасни.
Можеби си запознал вакви претприемачи во твојот живот. Тие постојано изгледаат зафатени, постојано доцнат на состаноци, никогаш немаат време да посетуваат приватни активности или излегувања, и се секогаш под стрес за тоа што уште треба да биде направено секој нареден ден.
Личниот дефицит на време се јавува кога претприемачот го троши сопственото време или на бизнисот, или мислејќи на бизнисот. Претприемачот може да го запостави семејството, пријателите, активностите за сопствено задоволство, во потрагата по бизнис функции. Ова не само што е контра-продуктивно за бизнисот (креативноста доаѓа до израз кога мислите се малку оттргнати од бизнисот), туку и лични загуби се јавуваат за претприемачот. Сигурно сте ги слушнале хорор приказните за разводи на претприемачите кои ги потресуваат нивните семејни и лични животи.

Што ги предизвикува дефицитите на време? Неколку фактори:

  1. Петприемачот не ја планира детално секоја своја активност во денот, со одреден рок на траење на секоја активност. Без активен распоред на времето, претприемачот ќе се чувствува неограничен, па така ќе троши повеќе време на едни активности, а помалку на други. Сите активности треба да бидат остварени по распоред и по можност во точно определено време. Премногу беспотребно трошење на време на одредена активност ќе води кон многу малку остварувања во текот на денот. Запоставувањето на некои активности ќе води кон чувство на недоволно извршување.

  2. На претприемачот лесно му се одтргнува вниманието од активностите за време на работниот ден. Личните телефонски разговори и личните активности треба да бидат сведени на минимум. Ако претприемачот работеше за некој друг, немаше да го има луксузот да остави се и да оди во шопинг или да оди на ручек, доколку времето не е наменето за тоа. Исто така пријателите и членовите на семејството не би го посетувале кога ќе посакаат. На работењето од дома треба да се гледа како и на секој друг вид на вработување, каде што личните одвлекувања на вниманието не постојат и не треба да постојат.

  3. Недостатокот од содржаен бизнис план кој што ефективно ги истакнуваат активностите кои што треба да бидат извршени, во организиран чекор по чекор сесија која што изискува одредени остварувања во одредено време. Бизнис планот е основа на успехот во секој бизнис, независно дали е тоа бизнис работен од дома или поголем бизнис. Бизнис планот претсавува нацрт користен као показател за тоа каде е насочен бизнисот и кога ќе "пристигне" таму. Добар бизнис план ќе има вграденно неделни, месечни и годишни остварувања, со планирани чекори за остварување на тој растеж.

  4. Претприемачот не поседува доволно само-мотивација да биде сам свој газда. Половина од битката за водење на успешен бизнис е да имаш правилно испрограмирана мисла за тоа. Мостот помеѓу размислување како вработен и размислување како сопственик треба да биде поминат пред да биде довршена организацијата на бизнисот. Мотивацијаат е различна кај претприемачот, бидејќи нема шеф "да му стои над глава", осигурувајќи се дека ги извршил задачите за тој ден.

  5. Претприемачот не ги одвојува личното време и времето за бизнис во неговата глава, и го планираат своето лично време исто онолку ефективно како и професионалното време. Да имаш време за себе, можеби ќе те освежи и даде енергија, но не оддалечувајќи те од успехот на бизнисот. Многу е важно да ги испланираш личните активности секој ден, но исто така да се држиш до планот на тие активности. Ова е прашање на емоционалното здравје, на кое што треба да обрне внимание секој претприемач.

Сите наведени аспекти треба да бидат остварени, со цел претприемачот да одржи својот живот во баланс. Животот на претприемачот е без сомнение нетипичен живот. Тоа е начин на живот кој што бара повеќе работа и повеќе одлучност отколку било кој друг. Времето и енергијата можат да бидат балансирани во овој начин на живот, но е потребно време да се постигне тоа. Кога балансот е постигнат, гладот за време ќе исчезне.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира