Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ФАКТИ

 
Тимската работа се исплати за претприемачите

 

Сопствениците на бизнисите не треба да се концентрираат на секојденвните активности во нивните компании. За да ги донесат малите и средните бизниси на повисоко и посилно ниво, системите треба да ги водат компаниите. Сопствениците треба да бидат во позиција да се повлечат и да се фокусираат на работење НА бизнисот, повеќе отколку на работење ВО бизнисот. Резултатите можат да бидат одлични.
Преку совети и менторство, тренерите им помагаат на сопствениците да успеат повеќе, а да работат помалку. Тренерите опслужуваат повеќе различни бизниси и професионалци, од цвеќари до производни компании. Најголем дел од претприемачите имаат малку извори и неколку места на кои можат да се обратат за совет во врска со продажбата, маркетинг и градење на тимови. Тука се вклучуваат тренерите, не со одговори, туку со вистинските прашања.

Да имате уште еден пар очи и уши за да можете да ги забележите перформансите и целите на твојот бизнис можат да направат огромна разлика. Работењето со тренер значи дека не мора сам да поминуваш низ тоа. Исто така тоа ги прави претприемачите одговорни кон некој друг, надвор од нивниот бизнис. Ваквите бизниси, поддржувани од тренерите, припаѓаат на цела ваква група сродни бизниси. Ваквите групи можат да помогнат во растежот на твојата компанија. Следниот пат кога ќе лежиш буден во кревет сред ноќ, запрашувајќи се како да се справиш со своите прептриемнички кризи, сети се на следново: пронајди, придружи се и учесствувај во некоја ваква групација.
Еден од најмоќните чекори кои може да ги превземе претприемачот, во фазата на неговиот развој е да најде ваква група на "сродни души". Создавањето на претпријатие може да биде многу осaмена задача. Ако претприемачот е сам во создавањето на бизнис (партнeрите во бизнисот не значат дека не сте сам), можностите за учење и подучување се изгубени. Со групата на сродни бизниси, може да го забрзате растежот, да го споедлите вашето искуство и мудрост со оние што доаѓаат по вас.

Што се тие и што всушност прават?

Групата на сродни бизниси е збир од луѓе од ист ранг и со слично знаење, кои се здружени заедно поради споделување на заедничките искуства и способности, или пак афинитети. Во просек групата се состои од 10 луѓе. Тие имаат можност да споделуваат знаење и различни перспективи, како и развој и ширење на сопствена мрежа. Исто така оваа група е секако помалку скапа.

Групата на сродни бизниси им помагаат на сопствениците да
• Се фокусираат на клучните цели
• Ја зголемуваат продуктивноста додека го намалуваат работното време
• Ги прошируваат маргините на профитот
• Ги остваруваат нивните соништа преку одговорност


Што се тие?

Тие се наоѓаат во различни големини и димензии. Некои се географски групирани, според градови и региони во земјата. Други се здружуваат според староста или профитот. Некои се поврзани според определена рамка, како што е софтверската индустрија. Постојат примери како што се дизајн на ентериери, сите со различни специјалност, како што се дизајнери на мебел, кујни или бањи и сл. Тие најчесто дејствуваат како стратегиска алијанса, како неконкурентни бизниси кои се посветуваат на купувачите и на сопствените цели.
Една од најдобрите работи за кои вреди да се живее е можноста да учиш и растеш со секој ден што изминува. Затоа следниот пат кога ќе се најдеш буден во 2 часот по полноќ, делувај на следново: најди, придружи се и учествувај во некоја групација на сродни бизниси.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира