|
Млади инфо е информативен портал,
наменет за сите амбициозни млади луѓе кои имаат желба да
се усовршуваат и едуцираат во различни области на
универзитетите и институциите низ Македонија и светот.
Овој портал беше создаден на крајот од 2008 година
најмногу поради недостигот од информации со кој се
соочуваа младите во Македонија.
Негова цел е на едно место да ги претстави сите актуелни
можности за студирање и доусовршување, стипендии,
грантови, обуки и конференции, најразновидни конкурси,
работа и пракса во странство. Идејата е да им се олесни
патот на младите луѓе до остварување на нивните цели и
заокружување на нивното образование. Поради тоа на овој
портал може да се најдат и корисни совети за тоа како
треба да изгледа кратката биографија според светските
стандарди, како треба да изгледа писмото на мотивација
или препораката од работодавецот или професорите. И на
крајот, овде ќе може да се најдат најразлични
актуелности кои на некаков начин ќе бидат поврзани со
образовниот процес на младите во Македонија.
Млади инфо ќе се стреми да биде во тек со новите
трендови поврзани со едукацијата на младите луѓе во
Македонија и низ светот, навремено да ги информира
своите корисници за сите објавени конкурси и огласи и да
помогне во нивното успешно искористување на можностите
кои земјата и светот ги нуди.
Наша цел е што повеќе млади од Македонија да ја
искористат шансата да студираат или да специјализираат
на престижните домашни и светски универзитети, да
посетат обуки или да учествуваат на најразлични
конференции. Со тоа нашата мисија ќе биде успешна, овој
портал ќе ја исполни својата највисока цел.
Целна група
Наша целна група е младата интелигенција. Оние
млади луѓе кои не прекинуваат со своето образование и
доусовршување по средното училиште или факултетот. Оние
кои се стремат да го добијат најдоброто образование, кои
зборуваат неколку јазици, одлично се служат со
англискиот и комуницираат со своите врсници низ светот.
И токму затоа одлучивме содржините
на
www.mladiinfo.com да бидат на англиски. Сметаме дека
голем дел од младите во оваа земја се подготвени да
излезат од затворениот круг во кој општат и
комуницираат, дека се подготвени да го продолжат своето
образование на престижните универзитети низ државата и
светот, да ги прошират своите видици и да внесат малку
свеж воздух во сите општествени сфери.
Нашата целна група е строго
дефинирана, не е масовна и сигурно не се брои во стотици
илјади. Но од друга страна, целната група на која ние и
се обраќаме е проактивна, едуцирана, просперитетна и
пред се млада. Таа точно знае што сака и што очекува.
Таа е младата елита, онаа која многу брзо ќе стане столб
на општеството.
Според досегашните статистики најголем интерес за Млади
инфо покажуваат средношколците од последната година на
образование (иако добивме мејлови дури и од помладите
средношколци), студентите од сите години на студии и
магистранти.
За помалку од еден месец постоење
успеавме просечната дневна посета да ја искачиме до
1000-1500 посети (60% од нив се од Македонија), што не
успеваат да го постигнат ниту веб страници кои имаат
многу поширока целна група од нашата. Сето тоа е
благодарение на активната медиумска и ПР кампања која ја
спроведуваме.
|