Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

06.03.2008 Грант фонд за станарите и за потенцијалните станари на Инкубаторот
Станарите на Инкубаторот како и оние во прединкубациона фаза кои работат на развивање на бизнис идејата можат да аплицираат за грантови до 1500 евра од Грант Фондот на ПСМ Фондација
 
28.02.2008 Oснован огранок на ПСМ Инкубаторот во Тетово
Гордо Ви соопштуваме дека на 27 Февруари на Универзиттеот Југоисточна Европа во Тетово (www.seeu.edu.mk) официјално се потпиша трилатерален договор за започнување на пилот проект за отворање на огранок на Претприемачки Сервис за Млади Бизнис Инкубатор
 
17.12.2007 Презентации на ИИ и ФЕИТ
На 17ти и 19ти декември ПСМ Инкубатор заедно со Центарот за подршка на нови бизниси при Машинскиот Факултет имаа заеднички презентации и промотивни штандови на ФЕИТ и ПМФ – Институт за Информатика.
 
01.12.2007 Трета СЕНСИ Конференција во Крагујевац
Третата СЕНСИ (www.sensi.biz) конференција беше одржана на 1ви и 2ри декември во Крагујевац, Србија.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
09.05.2008 Европски ден на претприемачот
На 9ти Мај, на денот на Европската Унија се оддржа традиционално конференцијата Европски ден на претприемачот во хотелот Александар Палас во Скопје. Настанот го организираше Европската Бизнис Асоцијација, Министерство за Економија, Град Скопје, АППРМ, МРФП, Центарот за развој на нови бизниси, СЕЦИ и Konrad Adenauer Stiftunf.
 
02.05.2008 Втора награда за КАД-ИНГ
Со задоволство Ве информираме дека еден од предлозите на тимот на CAD-ING е избран меѓу најдобрите идејни решенија на конкурсот „Велосипед во функција на бизнисот“.
 
01.04.2008 Два нови станари во Инкубаторот
Почнувајќи од 1ви април, две компании основани од млади луѓе влегоа во Инкубаторот. Првата компанија е ХД продукција (www.hd.com.mk) , основана од млад ИТ инженер. Втората компанија е КАД-ИНГ (www.cad-ing.com.mk) основана од двајца млади машински инженери.
 
06.03.2008 Грант фонд за станарите и за потенцијалните станари на Инкубаторот
Станарите на Инкубаторот како и оние во прединкубациона фаза кои работат на развивање на бизнис идејата можат да аплицираат за грантови до 1500 евра од Грант Фондот на ПСМ Фондација за да започнат сопствен бизнис или да започнат некој проект.
 
28.02.2008 Во соработка со партнерите ЈИЕУ и ФИООМ основан ЈИЕУ/ЦРМ-ПСМ инкубатор во Тетово
Гордо Ви соопштуваме дека на 27 Февруари на Универзиттеот Југоисточна Европа во Тетово (www.seeu.edu.mk) официјално се потпиша трилатерален договор за започнување на пилот проект за отворање на ЈИЕУ/ ЦРБ - ПСМ Бизнис Инкубатор – Тетово во просториите на Универзитетот. Договорот беше потпишан од страна на Торкел Истгорд , Извршен директор на Фондацијата Претприемачки сервис за млади (www.yesincubator.org.mk), Владимир Милчин, извршен директор на Институт отворено општество- Македонија (www.soros.org.mk) и ректорот на Универзитет Југоисточна Европа, Алајдин Абази.
 
22.02.2008 Кредитна линија за станарите на ПСМ Инкубаторот
Во согласност со своите стратешки приоритети, фондацијата Институт отворено општество - Македонија одлучи финансиски да го поддржи одобрувањето на кредити за почетни бизниси.
 
20.02.2008 Поврзување помеѓу Иновејшн, компанија станар во Инкубаторот, и холандската компанија Satellite Services
Една од компаниите станари во Инкубаторот, Иновејшн (www.innovation.com.mk) беше поврзана со холандската компанија Satelite Services (www.satserv.nl) во насока на можна соработка.
 
01.02.2008 Официјално отварање на сервисниот центар на ЕНИА Компјутери во Велес
На први фебруари ЕНИА Компјутери, компанија од бизнис план натпреварот одржан од страна на Центарот за основање на сопствени бизниси при Машинскиот Факултет и официјално го отвори својот сервисен центар во центарот на Велес.
 
31.01.2008 Студенти од ИТ Академијата Александрија го посетија ПСМ Инкубаторот
Студентите од ИТ Академијата Александрија (www.alexandria.com.mk) го посетија ПСМ Инкубаторот за да го разгледаат деловниот простор, услугите кои ги нуди ПСМ и за да ги запознаат компаниите станари. Студентите имаа можност да слушнат повеќе за само - вработување и вработување односно како да станат самите свои газди и да основаат фирми или пак да ја започнат својата кариера преку пракса во некоја од компаниите станари.
 
17-19.12.2007 Презентации на Институт за Информатика и ФЕИТ
 На 17ти и 19ти декември ПСМ Инкубатор заедно со Центарот за подршка на нови бизниси (www.bsc.ukim.edu.mk) при Машинскиот Факултет имаа заеднички презентации и промотивни штандови на ФЕИТ (www.feit.ukim.edu.mk) и ПМФ – Институт за Информатика (www.ii.edu.mk) .
 
01.12.2007 Почеток на вториот круг на обуки за ЕБЦЛ (www.ebcl.com.mk) во ПСМ Инкубатор
Почнувајќи од 1 до 22 декември започна вториот круг на подготвителни обуки за ЕБЦЛ во просториите на ПСМ Инкубаторот. Учесниците, главно претставници од бизнис секторот, ќе се подготвуваат за модулите трговски право, трошоци и формирање на цени, бизнис показатели и сметководство.
 
01.12.2007 Трета СЕНСИ Конференција во Крагујевац
Третата СЕНСИ (www.sensi.biz) конференција беше одржана на 1ви и 2ри декември во Крагујевац, Србија. Организатор на оваа конференција беше Центарот за развој на нови бизниси – Крагујевац (www.bsckragujevac.org) , основан и финансиран од австриската агенција СПАРК (www.spark-online.org) .
 
28.11.2007 ПСМ на Инфоком 2007
Од 28ми до 30ти ноември беше одржан саемот за ИТ и Финансии, Инфоком 2007 (http://www.skopjefair.com.mk/manifestacii/infokom/infokom_opsto.htm).
 
14.11.2007 Планирање на Глобалната недела на претприемништво 2008
Македонија е една од 37те земји од целиот свет, која ќе земе учество во првата глобална прослава на претприемничкиот дух во Ноември 2008.
На планирањето на овој настан, кој се одржа на 14ти септември во Лондон, претставници на повеќе од 37 земји, меѓу кои и ПСМ Фондацијата (www.yesincubator.org.mk) присусутвуваа на овој настан и заеднички дискутираа за орагнизацијата на настанот во следната година .
 
08.11.2007 Презентација на ПСМ Инкубаторот на Европски Универзитет
На 08.11.2007 беше одржана презентација на ПСМ Инкубаторот на Европскиот Универзитет на студентите од завршните години на Факултетите по информатика и Економскиот факултет. Ова беше одлична можност за студентите да се запознаат со инкубаторот, можностите што ги нуди, како што се олеснителните околности за започнување на еден нов бизнис.
 
01.11.2007 ПСМ Инкубатор дел од мрежата ЕОС
Почнувајќи од ноември, ПСМ Фондацијата стана дел од EuroOffice Service (EOS) Мрежата (www.euroffice-services.eu). Мрежата нуди активни бизнис услуги, кои го олеснуваат пристапот до меќународните пазари. Членови на оваа мрежа се бизнис инкубатори и научни паркови низ целиот свет од различни области.
 
10.10.2007 Учество на станарите на ПСМ Инкубаторот на Мајкрософт Визија
Петтата Мајкрософт Конференција која се одржува традиционално во Скопје ги собра претставниците на ИКТ заедницата од Македонија и Југоисточниот регион, и при тоа беа презентирани најновите Мајкрософт технологии и производи.
 
28.09.2007 Учество на станарите на Инкубаторот на СЕЕИТА Конференија и Отворени денови на МАСИТ
На 27ми и 28ми септември беа одржани 5тата СЕЕИТА Конференција и 4тите Отворени Денови на МАСИТ во Скопје. Целта на овие конференции беше регионална соработка во доменот на Информатичките Технологии, идентификување на потенцијални новорастечки пазари во Југоисточна Европа и поттикнување на соработка за нови ИКТ проекти.
 
28.09.2007 Отворена компјутерска училница во Инкубаторот
На 28.09.2007 беше отворена компјутерската училница во ПСМ нкубаторот. Фирмата Иновејшн веќе започна со обуки за CISCO и Microsoft. Во тек е формирањето на вторите групи за овие курсеви.
 
27.09.2007 Официјално отварање на ПСМ Инкубатор
Официјалното отварање на ПСМ Инкубаторот се случи на 27ми септември во просториите на ПСМ Фондација.Над 80 гости беа присутни на овој настан вклучувајќи претставници од Норвешкото министерство за надворешни работи, СИНТЕФ, ФИООМ, универзитети, донори, интернационални организации, консултантски компании и многу други релевантни институции.
 
05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

 
13.03.2007 Посета на студентите од Alexandria на ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
12.03.2007 Отворен изложбен салон на Vitrano Glass
ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.
 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира