|
Македонија
е една од 37те земји од целиот свет, која ќе земе
учество во првата глобална прослава на претприемничкиот
дух во Ноември 2008.
На планирањето на овој настан, кој се
одржа на 14ти септември во Лондон, претставници на
повеќе од 37 земји, меѓу кои и ПСМ Фондацијата
(www.yesincubator.org.mk) присусутвуваа на овој настан и
заеднички дискутираа за орагнизацијата на настанот во
следната година. Глобалната недела на
претприемништвото (www.enterpriseweek.org) е најголемиот
и единствен настан од ваков вид кој што го промовира
претприемништвото меѓу младите луѓе. Од 17-23ти Ноември
2008 година, милиони луѓе ќе земат учество во настани
организирани од илјадници организации, во стотици
градови низ светот. Целта на овој настан е да се
создадат нова генерација на претприемачи , преку
инспирирање на луѓето со активности во училниците,
работните места и на Интернет. Оваа
инцијатива привлече поддршка од широк спектар на светски
лидери и претприемачи:
„Претприемничката недела е голем успех во Велика
Британија- преку 5000 различни настани ќе земат учество
оваа недела. Веќе другата година ќе се поврзат со
корпорациски кампањи низ целиот свет преку Глобалната
недела на претприемништвото. Со ослободување на
креативноста и идеите меѓу младите луѓе во целиот свет,
може да создадеме успешни производи и бизниси на
иднината” Гордон Браун, Премиер на Белика Британија.
„Младите луѓе се инволвирани во претприемничкиот ризик
секаде низ светот, преку нивната креативност, умешности
енергија за започнување на бизнис и решавање на
проблеми. Овој претприемнички дух – јадрото на
Глобалната недела на петприемништвото- е непроценлив
извор кој светот мора да го пронајде со цел да се
искористат бенефициите од економскиот растеж од страна
на што е можно повеќе луѓе во светот” Карл Шрам,
Претседател и ЦЕО на Кауфман фондацијата. |