Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Презентации на Институт за Информатика и ФЕИТ
17-19.12.2007


На 17ти и 19ти декември ПСМ Инкубатор заедно со Центарот за подршка на нови бизниси (www.bsc.ukim.edu.mk) при Машинскиот Факултет имаа заеднички презентации и промотивни штандови на ФЕИТ (www.feit.ukim.edu.mk) и ПМФ – Институт за Информатика (www.ii.edu.mk) . Студентите заедно со професорите беа информирани за активностите на овие два центри за подршка на претприемништвото како и придобивките кои би ги имале студентите за започнување на сопствени бизниси. Резултатот беше исклучително позитивен и многу студенти беа заинтересирани за овие две организации и за процесот на аплицирање и користење на услугите. Вакви презентации и промотивни настани ќе се одржуваат и понатаму на релевантните факултети од областа на ИКТ и Бизнис администрацијата.

 

 

 

 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира