Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Поврзување помеѓу Иновејшн, компанија станар во Инкубаторот, и холандската компанија Satellite Services
20.02.2008

Една од компаниите станари во Инкубаторот, Иновејшн (www.innovation.com.mk) беше поврзана со холандската компанија Satelite Services (www.satserv.nl) во насока на можна соработка. Двете компании подготвија заеднички проект за развој на софтвер за декодирање/процесирање на информации со кои аплицираа во Холандската амбасада како дел од ПСОМ Програмата (Програма за соработка со растечки пазари). Се очекува во следните неколку месеци проектот да биде одобрен и да се започне со активности.

ПСМ Фондација и понатаму ќе продолжи да работи во насока на поврзување на своите станари компании со потенцијални партнери и инвеститори од надвор притоа помагајќи им да се претстават на глобалниот пазар.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира