|
|
 |
|
|
|
НОВОСТИ
|
|
|
|
Кредитна линија за станарите на ПСМ Инкубаторот |
|
22.02.2008 |
|
Во согласност со своите стратешки
приоритети, фондацијата Институт отворено општество -
Македонија одлучи финансиски да го поддржи одобрувањето
на кредити за почетни бизниси. Кредитите се наменети за
станарите на ПСМ бизнис инкубаторот во рамките на
фондацијата Претприемачки сервис за млади - микро и мали
претпријатија во приватна сопственост и со претприемачки
идеи, регистрирани на територијата на Р.Македонија, кои
започнуваат со реализација на своите бизнис планови .
Кредитите се одобруваат за основни средства, обртни
средства или комбинирано.
Висината на кредитите може да биде до 900.000,00 денари,
со рок на отплата од 3 до 5 години и можност за вклучен
грејс период од 6 месеци. |
|
|
|
|
|
 |