|
ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен
центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции
“European Business Competence* Licence (EBC*L)”. Тој е
наменет за неекономисти и гарантира дека секој кој го
поседува Сертификатот издаден од Советот за бизнис
компетенции во Европа (Council for Business Competence
in Europe) има основно економско знаење кое е неопхподно
во денешниот економски, административен, па дури и во
секојдневниот живот.
Сертификатот може
да се полага во 16 земји во Европа, а од сега и во
Македонија во акредитирани испитни центри во целата
држава. Сертификатот се издава од
International Centre of EBC*L во Виена.
EBC*L има 3 степени, а во Македонија ќе се започне со
полагање на степенот А. Во степенот А
се обработуваат следниве теми:
- Бизнис цели и менаџмент показатели
- Сметководство
- Анализа на трошоци и утврдување на цени
- Трговско право
Сертификатот е наменет за ученици и за сите оние кои не
студирале економија, но имаат или ќе имаат клучна
функција во компанијата. Тоа се вработени или
сопственици на бизнис, проектни менаџери, техничари,
трговци, раководители на организациски единици и слично.
Многу познати фирми како Xerox, Т-Мобиле, Samsung,
Bayer, Siemens, UNIQA, Victoria Insurance, RAG-Konzern и
други веќе го интегрираа Европскиот сертификат за бизнис
компетенции (EBC*L) во нивните едукативни програми.
EBC*L во многу европски држави се интегрира во
наставните планови на училиштата и високо образовните
институции, и за истиот се добиваат ECTS кредити
(European Credit Transfer System). Исто така се
применува за обука на претприемачи и во делот на
подобрување на бизнис компетенциите на невработените
лица во соработка со Агенциите за вработување, односно
работните клубови. |