Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Во соработка со партнерите ЈИЕУ и ФИООМ основан ЈИЕУ/ЦРМ-ПСМ инкубатор во Тетово
28.02.2008

Гордо Ви соопштуваме дека на 27 Февруари на Универзиттеот Југоисточна Европа во Тетово (www.seeu.edu.mk) официјално се потпиша трилатерален договор за започнување на пилот проект за отворање на ЈИЕУ/ ЦРБ - ПСМ Бизнис Инкубатор – Тетово во просториите на Универзитетот. Договорот беше потпишан од страна на Торкел Истгорд , Извршен директор на Фондацијата Претприемачки сервис за млади (www.yesincubator.org.mk), Владимир Милчин, извршен директор на Институт отворено општество- Македонија (www.soros.org.mk) и ректорот на Универзитет Југоисточна Европа, Алајдин Абази. Овој пилот проект е дел од долгорочната стратегија на Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) Фондацијата за отворање на бизнис инкубатори во повеќе градови од Македонија со цел стимулирање на претприемништвото помеѓу младите и градење на иновативна инфраструктура за започнување на сопствени бизниси од страна на младата популација.

Целта на овој проект е будење на претприемничкиот дух и поддршка за основање на сопствени бизниси помеѓу младите , не само од овој Универзитет туку и пошироко.

 

 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира