Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Грант фонд за станарите и за потенцијалните станари на Инкубаторот
06.03.2008

Станарите на Инкубаторот како и оние во прединкубациона фаза кои работат на развивање на бизнис идејата можат да аплицираат за грантови до 1500 евра од Грант Фондот на ПСМ Фондација за да започнат сопствен бизнис или да започнат некој проект. За да можат да аплицираат за финансирање, проектот или бизнис идејата треба да бидат иновативна ИКТ идеја.

Грантовите ќе бидат во рамките од 200 до 1500 евра и ќе можат да се користат за развој на нови продукти/услуги, посета на саеми/конференции, набавка на суровини, истражувања како и започнување и основање на бизнис. Бидејќи сепак станува збор за лимитиран буџет за грант фонд, приоритет ќе бидат апликациите од оние фирми/индивидуалци кои претходно немаат користени никакви средтсва од некакви слични програми.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира