Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Европски ден на претприемачот
09.05.2008
На 9ти Мај, на денот на Европската Унија се оддржа традиционално конференцијата Европски ден на претприемачот во хотелот Александар Палас во Скопје. Настанот го организираше Европската Бизнис Асоцијација (www.eba.com.mk), Министерство за Економија (www.economy.gov.mk), Град Скопје (www.skopje.gov.mk), АППРМ (www.apprm.gov.mk), МРФП (www.mrfp.org.mk), Центарот за развој на нови бизниси (www.bsc.ukim.edu.mk), СЕЦИ (www.seciproject.org.mk ) и Konrad Adenauer Stiftunf.

Во склоп на оваа конференција, ПСМ Фондација имаше своја сесија со наслов “ИКТ, претприемништво и мал бизнис” со која им се презентираше на гостите особено на младите идни претприемачи за тоа како да започнат сопствен бизнис и што се е потребно од идеја, иновација до реализација како и помошта која ја нуди МАСИТ (комората за ИКТ бизниси) при водењето на ИКТ бизиси. Гостите исто така слушнаа дел од успешните македонски ИКТ приказни како и за придобивките од користење на инкубациските услуги на ПСМ Инкубаторот со цел поуспешно водење на бизнисот и реализирање на бизнис идеите.
 

 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира