|
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина
Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со
Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше
организирана посета на него. Присуствуваа околу 25
студенти од прва и втора година од сите насоки на кои од
страна на вработените во ПСМ Фондацијата им беше
презентиран објектот како и можностите кои ќе ги нуди.
По посетата нескирена беше заинтересираноста на некои од
нив за започнување на сопствен бизнис преку ПСМ
Инкубаторот.
Академијата инаку нуди можност за
специјализирање во области како: компјутерски мрежи, веб
менаџмент, веб технологии и дизајн, графички дизајн и
дигитална видео монтажа. Со завршувањето на студиите
студентите се стекнуваат со неколку дипломи (тнр.
индустриски сертификати) кои им се издаваат директно од
Microsoft, Cisco, CompTIA, CIW, Sun, Adobe и Macromedia. |