|
При крајот на минатата година во организација на ПСМ
Фондацијата заврши бизнис план натпреварот, кој имаше за
цел поттикнување на претприемачките идеји и бизниси кај
младите луѓе во државата. Првото место на овој натпревар
го освоија Марија Панчевска и Димитар Деливанов со
нивниот бизнис план за изработка на предмети и украси од
витражно стакло. Наградата за првопласираните беше 3000
еура како поддршка за започнување сопствен бизнис.
Само неколку месеци потоа, на
07.03.2007 година беше отворен изложбениот салон на
VITRANO GLASS, фирмата основана од Марија и Димитар по
победата на бизнис план натпреварот. ПСМ Фондацијата е
воодушевена од овој настан и искрено посакува голем
успех во понатапошната работа на VITRANO GLASS. Исто
така се надеваме дека ова ќе послужи како инспирација за
сите оние млади луѓе кои имаат идеја и желба за
отпочнување на сопствен бизнис. ПСМ Фондацијата ќе биде
тука да ви помогне. |