Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Официјално отварање на ПСМ Инкубатор
27.09.2007


Официјалното отварање на ПСМ Инкубаторот се случи на 27ми септември во просториите на ПСМ Фондација.Над 80 гости беа присутни на овој настан вклучувајќи претставници од Норвешкото министерство за надворешни работи, СИНТЕФ, ФИООМ, универзитети, донори, интернационални организации, консултантски компании и многу други релевантни институции.

Г-от Торкел Истгорд, директорот на ПСМ Фондација имаше воведен говор и ги претстави активностите и важноста на ПСМ Фондација и Инкубаторот во процесот на стимулирање на претприемничкиот дух помеѓу младите како и подршката која се нуди во формирањето на нови бизниси. Кратки говори имаа и Норвешкиот амбасадор во Р Македонија – Неговата Екселенција Карл Виби, Г-ѓата Слободанка Марковска – претседател на Управниот Одбор на ФИООМ, Г-от Андерш Штолан – Директор за Развој во СИНТЕФ, Г-от Коце Трајановски – градоначалник на Општина Гази Баба како и Г-от Јован Петров – директор на компанија станар во Инкубаторот во врска со Инкубаторот и услугите кои ги нуди за да можат претприемачите да ги остварат своите сништа.

По официјалниот дел од отварањето на Инкубаторот, беше организирана кратка тура и беа претставени фирмите станари и деловниот простор на Инкубаторот.

 

 

 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира