|
На 27ми и 28ми септември беа одржани 5тата СЕЕИТА
Конференција и 4тите Отворени Денови на МАСИТ во Скопје.
Целта на овие конференции беше регионална соработка во
доменот на Информатичките Технологии, идентификување на
потенцијални новорастечки пазари во Југоисточна Европа и
поттикнување на соработка за нови ИКТ проекти.
ПСМ Инкубаторот овозможи учество на
сите фирми, станари во Инкубаторот на овие настани, како
и промоција на активностите и станарите на Кружната маса
која што беше одржана во рамките на Конференцијата со
акцент на процесот на Инкубација и Инкубаторите во
регионот. Ова беше добра можност за станарите да се
запознаат, дискутираат и научат од познати компании и
одлична можност за соработка и поврзување со други
бизниси. Исто така, ова беше можност да научат повеќе за
локаланата и регионалната ИКТ заедница.
Во склоп на Конференцијата имаше презентација за ПСМ
Инкубаторот, услугите што се нудат како и првите
станари. |