Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Презентација на ПСМ Инкубаторот на Европски Универзитет
08.11.2007


На 08.11.2007 беше одржана презентација на ПСМ Инкубаторот на Европскиот Универзитет на студентите од завршните години на Факултетите по информатика и Економскиот факултет.

Ова беше одлична можност за студентите да се запознаат со инкубаторот, можностите што ги нуди, како што се олеснителните околности за започнување на еден нов бизнис. Воедно беше презентиран и Business Sturt Up центарот, кој е во соработка со ПСМ Инкубаторот, а преку кој студентите можат да учествуваат на натпреварот за најдобар бизнис план. Со тоа се покажува дека Инкубаторт им нуди овозможува и на оние кои сеуште студираат да започнат свој бизнис и да влезат во светот на претприемништвото.

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира