Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

04/09/2010 Започнаа обуките за почнување бизнис во Битола
На 03 септември, во Американското Катче во Битола започнаа бесплатни обуки за почнување на бизнис наменети...
 
02/09/2010 ПСМ Фондација додели награди за најдобри бизнис планови во Куманово
На 20 август, во просториите на Општина Куманово, се одржа свечено доделување на наградите за најдобар бизнис план...
 
25/08/2010 Бесплатни обуки за почнување на бизнис во Битола, Тетово и Струмица
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија”,...
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Доделени првите 4 награди за најдобар бизнис план во Источниот регион на Македонија, како дел од проектот “Креирање на нови работни места преку поддршка на МСП секторот”
14/04/2010
 
 
           На 01.04.2010 година, ПСМ Фондација ги додели првите 4 награди за најдобар бизнис план во Источниот регион на Македонија, како дел од проектот “Креирање на нови работни места преку поддршка на МСП секторот”. Вкуниот награден фонд од 3000 евра го поделија следните бизнис планови:

1. Бамбини
2. Аналгетик Медика
3. Алекрис
4. Протогер

Претприемачите беа презадоволни од наградите, а средствата ќе ги употребат за регистрирање на фирма и започнување со планираниот бизнис. Сите учесници на обуката добија книги за претприемништво и консултантски термини со компанијата “Гешталт Солушнс” (http://www.gestaltsolutions.com.mk).
Критериумите за избор на најдобар бизнис план беа следните:

• Интегритет на бизнис идејата
• Комплетност на бизнис планот
• Финансиската проекција на бизнисот

ПСМ Фондација продолжува со обуките и наградите и во останатите три региони во земјава, со што ќе младите ќе се поттикнат на самовработување, ќе се стимулира претприемачкиот дух и намали невработеноста во земјава.
 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира