Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

04/09/2010 Започнаа обуките за почнување бизнис во Битола
На 03 септември, во Американското Катче во Битола започнаа бесплатни обуки за почнување на бизнис наменети...
 
02/09/2010 ПСМ Фондација додели награди за најдобри бизнис планови во Куманово
На 20 август, во просториите на Општина Куманово, се одржа свечено доделување на наградите за најдобар бизнис план...
 
25/08/2010 Бесплатни обуки за почнување на бизнис во Битола, Тетово и Струмица
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија”,...
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
ПСМ Фондација ги претстави маркетнг комуникациските алатки кои ги користи во своето работење пред студентите по е-бизнис од Економскиот Факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј
13/04/2010
 
           На 31.03.2010, претставник од ПСМ Фондација беше гостин предавач на Економскиот Факултет, и пред група студенти од департманот по е-бизнис, кои го изучуваат предметот Маркетинг Комуникации. Присутните имаа можност да се запознаат со начините на кои работи Фондацијата, проектите и активностите кои редовно се преземаат и на кој начин целокупната македонска јавност е информирана за овие дејствувања.
Студентите покажаа огромна иницијативност за претприемништво, започнување сопствен бизнис, како и големи познавања за тоа како најдобро да се искористат алатките од маркетинг комуникациските техники. Тие и претставникот на Фондацијата, разменија идеи и искуства.
Ова е дел од соработката која ПСМ Фондација ја има со Економскиот Факултет, при овој Универзитет.
 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира