|
|
 |
|
|
|
НОВОСТИ
|
|
|
|
Практична изработка на проекти за ФП7 програмата и ЦИП Еко Иновации
|
| 20/05/2010 |
|
|
|
|
EU Consulting, една од најновите компании во Инкубаторот во текот на неделава организира обуки на тема “ОД ИДЕА ДО ПРОЕКТ - Практична изработка на проекти за ФП7 програмата и ЦИП Еко Иновации”.
Се одржаа вкупно 3 дена интензивни обуки со што директно ќе се обучат 22 учесници, од кои 4ца пишувачи на проекти, 2 проект менаџери, 3 соработници и 13 фирми.
EU Consulting соработува со партнерска институција од Брисел која има 10 годишно искуство и повеќе од 140 одобрени проекти ширум Европа од кои 23 поголеми од 2 милиони евра за последните 8 години. Обуките ги води врвен интернационален консултант, д-р Леонардо Пицинети.
Потребата за вакви обуки е иницирана од податоците од ЕУ дека Македонија не ги искористува доволно средствата кои се на располагање преку програмите како CIP и FP7.
Целта е да се обучат компаниите за FP7, да се популаризираат и информираат сите оние кои сакаат да учествуваат во делот на ЕУ фондови.
Придобивката за фирмите не е само проектот и средствата кои се неповратни туку и влегување и освојувањето на нови пазари со производите кои со ваквите иновативни проекти се и поконкурентни.
Во моментов фокусот е на програмите CIP и FP7, а во иднина EU Consulting најавува и дел програма која ќе биде наменета и за инкубатори.
|
|
|
|
|
|
|
 |