Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

04/09/2010 Започнаа обуките за почнување бизнис во Битола
На 03 септември, во Американското Катче во Битола започнаа бесплатни обуки за почнување на бизнис наменети...
 
02/09/2010 ПСМ Фондација додели награди за најдобри бизнис планови во Куманово
На 20 август, во просториите на Општина Куманово, се одржа свечено доделување на наградите за најдобар бизнис план...
 
25/08/2010 Бесплатни обуки за почнување на бизнис во Битола, Тетово и Струмица
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија”,...
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Делегација на студенти од Dauphine University од Париз во посета на ПСМ Фондација
13/07/2010
 
 
           На 7 Јули, во просториите на ПСМ Фондацијата во Скопје, пристигна делегација на студенти од Dauphine University- Париз, со цел да се запознаат одблиску со начинот на кој функционира еден бизнис инкубатор, кои услуги ги нуди, какви компании можат да се најдат во неговите рамки, кои се условите за работа и каков е амбиентот.

Средбата беше иницирана од страна на Американ Колеџ Скопје, како партнер во мултилатералниот истражувачки проект, "CERECA" чиј носител е всушност Универзитетот од Париз.

Целта на средбата беше да се претстави улогата на ПСМ Фондација во зајакнувањето на претприемниството и самовработувањето помеѓу младите луѓе во нашата земја.

Како што можеа останатите присутни на средбата да забележат, студентите покажаа голем интерес за работата на бизнис инкубаторот, поставуваа многу прашања и беа пријатно изненадени од работната атмосфера и улогата на инкубаторот во потпомагање на почетните бизниси. Како благодарност за гостопримството кое домаќинот ПСМ Фондација го покажа, Американ Колеџ му додели сертификат од проектот во кој учествуваат – признание за задоволство од соработката.
 

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира