Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

05.05.2007 SkillSoft

ПСМ Инкубаторот стана под-дистрибутор на on-line тренинг курсеви и симулации ("SkillSimulations") развиени и поседувани од SkillSoft од областите поврзани со бизнис вештините, информатичката технологија и канцелариска работа.

02.05.2007 EBC*L

ПСМ инкубаторот стана овластен испитен и образовен центар за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)”.

02.05.2007 Студентите од Alexandria во ПСМ Инкубаторот
Изградбата и опремувањето на ПСМ Инкубаторот во општина Гази Баба е при крај, па затоа во соработка со Alexandria Академија за ИТ, на 10.03.2007 беше организирана посета на него.
 

останати новости...

 
 

ПСМ КОМПАНИИ

 

Пи - Софт
Пи Софт е компанија која изготвува софтверски и системски решенија, кои ви овозможуваат едноставно раководење со работните процеси во вашата фирма. Со помош на напредни технологии, ви овозможува да не бидете врзани за работата што се одвива во вашата канцеларија. Овие решенија вклучуваат функционалности, кои вам ви помагаат лесно да ги организирате сите потребни информации. Вие располагате со навремена и целосна информација, лесно достапна со цел донесување на брзи и квалитетни одлуки, кои се предуслов за успешно работење.

Системите на Пи Софт ја имаат таа моќ да се прилагодат кон вашето работење, вам да ви ја олеснат комуникацијата во и надвор од компанијата, ви овозможуваат да пристапите од секое место со интернет, да ја најдете бараната информација веднаш. Софтверот го добивате без дополнителни лиценци и скриени трошоци, а поддршката од наша страна, ви овозможува целосно да се посветите на вашето работење.

Пи Софт нуди голем број на системи прилагодени кон вашето работење:

  • piOffice, вистинско решение за вашата канцеларија, интегриран е-маил, телефон, факс, документ менаџмент, календар, контакти, проектен менаџмент, управување со ресурси, клиенти, набавки

  • piAccounts, систем за целосно финансиско и материјално работење, плати, основни средстав, мало продажба, големо продажба

  • piSupply, софистициран систем за управување со ланецот на набавки, интегриран со piAccounts, ориентиран кон бизнис со бизнис решенија.

  • piWebs, контент менаџмент систем за лесно објавување на информации на вашите веб портал. Целосно се интегрира со piOffice и овоможува дирекно публикување од него.

Телефон: 02 3 103 678
Маил:  gpendevski@pi.com.mk
Веб страна:  http://pi.com.mk

Адреса:
Пи Софт
Ул. Архимедова бб (реон 60)
1000 Скопје

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира