|
Претприемнички тренинзи
ПСМ фондацијата нуди светски признаени тренинзи
за стимулирање на претприемничкиот дух и подучување на ИКТ
инжинерите вештини од различни бизнис области. Во контекст на тоа,
Фондацијата ги нуди професионалните и светски препознаени
сертификати:
EBC*L (European Business Competence License)
EBC*L (European Business Competence License) е
Европски сертификат за бизнис компетенции за неекономисти и
непрофесионалци во бизнис областите и гарантира дека секој кој го
поседува Сертификатот издаден од Советот за бизнис компетенции во
Европа (Council for Business Competence in Europe) има основно
економско знаење кое е неопхподно во денешниот економски,
административен, па дури и во секојдневниот живот.
(http://www.ebcl.com.mk)
ПСМ Фондацијата е првиот овластен образовен и испитен центар за
обуки и испити во Скопје. Самиот сертификат се издава од
International Centre of EBC*L во Виена.
Во склоп на EBC*L има 3 модули: А, Б и Ц. Во моментов само модулот А
е достапен за користење.
Модулот А ги вклучува следните модули:
Другите модули Б и Ц ќе бидат достапни во
Македонија од следната година.
Сертификатот е наменет за ученици и за сите оние кои не студирале
економија, но имаат или ќе имаат клучна функција во компанијата. Тоа
се вработени или сопственици на бизнис, проектни менаџери,
техничари, трговци, раководители на организациски единици и слично.
Многу познати фирми како Xerox, Т-Мобиле,
Samsung, Bayer, Siemens, UNIQA, Victoria Insurance, RAG-Konzern и
други веќе го интегрираа Европскиот сертификат за бизнис компетенции
(EBC*L) во нивните едукативни програми.
EBC*L во многу европски држави се интегрира во наставните планови на
училиштата и високо образовните институции, и за истиот се добиваат
ECTS кредити (European Credit Transfer System). Исто така се
применува за обука на претприемачи и во делот на подобрување на
бизнис компетенциите на невработените лица во соработка со Агенциите
за вработување, односно работните клубови.
SkillSoft
Најновите методи на учење, електронски и далечински тренинг курсеви
и симулации сега достапни и за сите вас – ПСМ Фондација ви
овозможува да ги следите курсевите на SkillSoft за информатичка
технологија, кацелариско работење и бизнис вештини на најсовремен
начин - со најсовремена технологија, најголем избор на курсеви и со
уникатни и најефикасни методи.
SkillSoft е водечки провајдер на електронско
учење за претпријатија, со целни ресурси за бизнис и ИТ
професионалци. Мулти моделните решенија за учење на SkillSoft ја
поддржуваат и зголемуваат брзината и ефикасноста на формалните и
неформалните процеси на учење и го интегрираат деталниот софтвер за
учење на SkillSoft, Referenceware®, менаџмент технологија за учење и
услуги за поддршка.
За повеќе информации контактирајте не на
marija@yesincubator.org.mk или ld@mir.org.mk.
|