|
Историја
Главни донори на ПСМ проектот се норвешкото
министерство за надворешни работи и Фондац ијата Институтут Отворено
Општество на Македонија. Имплементатори на овој проект се локалната
канцеларија на СИНТЕФ (www.sintef.no)
во Скопје Фондацијата МИР и Фондацијата Институт Отворено Општество
Македонија (www.soros.org.mk)
.
Во 2004 год. беше спроведен пилот проект чија цел
беше утврдување на фактите за тековните активности поврзани со
поддршка на претприемништвото во Македонија и координација на ПСМ
проектот со други институции и програми кои работат во иста насока.
ПСМ пилот проектот беше спроведен од страна на СИНТЕФ и Фондација
Институт отворено општество - Македонија. Квалитетна истражувачка
методологија беше усвоена за овој проект, фокусирајќи се на собирање
на податоци преку интервјуа и состаноци во регионот на Балканот и
посебно во Македонија. Проектниот тим посети неколку владини
институции со цел добие поддршка за проектот, беа одржани состаноци
со потенцијалните засегнати страни,се разгледуваа неколку
потенцијални локации за ПСМ инкубаторот, беше извршена координација
со потстоечките претприемачки активности.
Во мај 2005 год. почна имплементацијата на ПСМ проектот, а во
моментов носител на проектот е новоформираната ПСМ Фондација чии
основачи се СИНТЕФ и Фондација Институт отворено
општество-Македонија.
|